Нискобуџетната авиокомпанија Визер соопшти дека од 1 октомври 2021 година, платите на пилотите ќе бидат вратени на нивоата од пред пандемијата на Ковид-19
Визер има планови за најголемо регрутирање пилоти и кабински екипажи во историјата на компанијата.
– Авиокомпанијата има планови за вработување 200 нови пилоти и 800 лица за кабински екипаж до декември 2021 година. За следните 10 години планираме уште неколку илјади работни места и тројно да ја зголемиме флотата до 500 авиони Ербас. За таа цел ќе вработуваме во просек по околу 2.000 нови лица секоја година до 2030 година, се вели во соопштението.
Од март 2020 година, нискобуџетниот превозник додаде над 300 нови рути во својата мрежа во Европа и пошироко. Во моментов лета на над 100 отсто од капацитетот пред Ковид-19 на повеќе од 1.000 рути до 197 дестинации во 49 земји.
Оние кои сакаат да аплицираат за работа можат да најдат информации на веб-страницата на авиокомпанијата.