Не е лесно да се спротивставите на трендовите и љубопитноста – ах тие бескрајни бои, нијанси, сјај … Сепак, различните кармини имаат различни ефекти врз средината
Долго време беше се мислеше дека црвениот кармин делува провокативно, па не е баш добро да се носи на работа. Но една неодамнешна анкета го зеде предвид ова тврдење, и генерално направи истражување за тоа какво дејство има црвениот кармин врз средината.
Резултат: Жените со црвен кармин делуваат посамоуверено!
Дури 92,2 проценти од анкетираните жени од различни професии признаваат дека црвениот кармин на работното место е сосема во ред. 46,6 отсто дури мислат дека црвениот кармин е добар за деловни разговори. Значи, не постои друг начин освен да се снабдите со ова ,,моќно оружје”!