Од денес на повеќето малопродажни објекти плинот е со покачена цена за литар. Цената на авто-плинот (тнг) се зголеми 1,5 денар и моментално се продава 39,00 денари за литар, додека за останатиот дел објекти новата цена на плинот ќе стапи на сила од вечерва. Како што знаеме авто-плинот не е под Регулаторната Комисија за Енергетика.
Исто така, како што соопшти Регулаторна во својот неделен извештај од денес цената на дизелот се намали за 1,5 денар, а цените на бензините останаа исти.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголеми за 1 денар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,786 денар по килограм.
Максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар);
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 75,00 (денари/литар);
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,00 (денари/литар);
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар);
Мазут М-1 НС 39,181 (денари/килограм);
Извор: skopje24.mk