Се раѓате и веќе имате 1 година, а на Нова година сите колективно стареат за една година, без разлика кој на кој датум е роден.
Овој метод се користеше и во двете Кореи - Северна и Јужна, но Јужна Кореја го укина во 80-тите години на минатиот век.
За жал, нивниот начин на броење години не е значително различен од начинот кој се употребува во остатокот од светот, односно вашата возраст ќе биде минимално изменета.
Во Северна Кореја вашата возраст ќе се зголемува за една година секоја Нова година - за разлика од остатокот од светот кога тоа се случува на вашиот роденден. Покрај тоа, тие во вашата возраст го вклучуваат и времето што сте го поминале во утробата на мајката, односно пред да се родите. Иако поминуваме околу 9 месеци во утробата, Корејците го заокружуваат на една година, поради што секој е веќе роден со една година. На пример, бебето родено на 31 декември веќе наредниот ден ќе има 2 години.
Наједноставниот начин да пресметате колку години би имале во Северна Кореја е да додадете една година на тековната година, а потоа да ја одземете годината на вашето раѓање.
Така на пример врховниот лидер Ким Џонг Ун е роден на 8 јануари 1982 година според северноорејските податоци, но во Јужна Кореја го водат дека е роден на истиот датум во 1983. Во Северна Кореја тој има 39 години, но во Јужна има 38.
И покрај овој систем, Корејците сѐ уште слават родендени на нивните вистински родендени - единственото нешто е што тие не стареат една година на тој ден.
Извор: kajgana.com