Нусрет Гокче, кој се претставува со псевдонимот Солт Бае, е турски месар и готвач, кој стана планетарно популарен буквално преку ноќ. Тој постигна меѓународна слава во 2017 година, кога неговиот начин на зачинување на месо стана вирален на социјалните мрежи.
Прекарот Солт Бае го доби поради движењето со кое соли стек месо откако професионално ќе го пресече. Нусрет во моментов има 17 ресторани низ целиот свет, а франшизата на ресторанот доби златен билет за да го оправда наплатувањето на превисоките цени за „златни стекови“.
Човекот по име Jaмаз сподели на Твитер дека вечерал во неговиот ресторан во Лондон, кој неодамна бил отворен. Вкупната сметка изнесувала 1.812 фунти (околу 2.100 евра). Затоа, не е изненадувачки што овој човек остана без зборови откако доби сметка за која имаше вртоглава сума. Интересно, за 4 пијачки платиле 44 фунти.
Многу познати личности биле гости на Солт Бае меѓу кои и популарниот фудбалер Миралем Пјаниќ кој пробал еден од специјалитетите на Нусрет, наречен „златна шницла“ додека по неговиот престој во Босна и Херцеговина, дијамантскиот популарен Нусрет доби дрес како подарок.
Епа народе, Пријатна вечера!