Во 2020 година во ЕУ произведени се вкупно 1,9 милиони тони кафе, што е раст од 10% споредено со 2010 година. Истовремено во Македонија биле произведени 4,1 илјада тони кафе, покажуваат податоците на Евростат, објавени по повод Меѓународниот ден на кафето 1 Октомври.
Вкупната вредност на произведеното кафе во ЕУ изнесува 11 милијарди евра.
Според податоците на Евростат, во регионот најмногу кафе е произведено во Србија – 20,4 илјади тони кафе, потоа Грција – 14,6 илјади тони, Босна и Херцеговина – 11,6 илјади тони, Храватска – 10,7 илјади тони, потоа Северна Македонија – 4,1 илјада тони, Бугарија – 1,4 илјади тони и Црна Гора – 1,05 илјади тони кафе.
Вкупно 2,9 милиони тони кафе се увезени во 2020 година во ЕУ, што е раст од 7% споредено со 2010 година.
Најголем дел од кафето се увезува од Бразил – 32% и Виетнам – 22%, по што следуваат Хондурас со 7%, Уганда – 6% и Колумбија – 5%.
Околу 38% од целиот увоз на кафе е од Германија, по што следат Италија – 19%, Белгија – 11%, Шпанија – 9% и Франција – 7%.