Често слушаме како Канада е ветена земја, колку добар е животот таму далеку и како се' е прекрасно. Меѓутоа, има и некои што не се задоволни, па така еден корисник на Редит го постави прашањето – што не е во ред со животот во Канада?
Имаше одговори од сите страни, но овие 10 се истакнаа.
- Огромни растојанија. Буквално е поевтино да се лета до Европа отколку на многу други места во Канада.
- Зимите варираат од сурови до неверојатно брутални, во зависност од тоа каде живеете. Со оглед на студот и снегот, деновите се исто така пократки.
- Лудо високи трошоци за живот. Кириите се високи, куќите се недостапни, претплатите за мобилни телефони се скапи, млечните производи се скапи, како и алкохолните пијалоци, особено во баровите.
- Мора да имате автомобил. Освен ако вашиот живот не е многу ограничен во однос на патувањето и никогаш не го напуштате вашиот град освен со воз (ова е само ако живеете на исток). Во некои градови не можете ни да бидете сигурни во автобускиот превоз.
- Автопатите и инфраструктурата се многу лоши. Не зборувам за поправки овде, зборувам за дизајн и мислам дека тие имаат сличен проблем во САД.
- Живеењето близу до САД значи дека американските медиуми често доминираат со Канаѓаните. Канаѓаните честопати посветуваат повеќе внимание на американските избори отколку, на пример, нивните.
- Ме изненадува тоа што никој се уште не споменал колку е скапо да се оди на стоматолог.
- Сопственост на недвижен имот. Многу луѓе не можат ни да сонуваат да престанат да плаќаат кирија и да купат стан.
- Фактот дека полицијата третира криза во менталното здравје. Мислев дека моите пари од данокот се трошат за здравствена заштита.
- И, за крај: „Џастин Бибер доаѓа од Канада“.