Евен Болстад (Even Bolstad) e Претседателот на ЕАПМ (EAPM) и еден од Key note говорниците на 13. Меѓународна MHRA Конференција
Разговорот со него го започнуваме со ненадминливта тема која внесе многу предизвици во човечките ресурси и прашањето :Можете ли да ни кажете што се промени од почетокот на „Ковид-19“ кризата до денес? (ако е можно, неколку позитивни и неколку негативни сегменти)
Нурнавме во кризата без речиси никакви подготовки. Потполно опуштeни. И гледајќи наназад, се помина разумно добро. HR одлично се справи со пандемијата, треба да бидеме горди..
Многумина страдаа. Се разбира, оние кои биле директно погодени од смрт, болест и губење на работата и безбедноста. Но, и оние со помали психолошки предизвици, за кои работата беше безбедно и инклузивно место. Кога беа испратени дома, многу од ние страдаа повеќе отколку што луѓето се свесни за тоа.
На долг рок, сепак, Ковид може да беше катализатор за многу добри работи. Тоа е реформа за доверба. Зајакнувањето на организациските култури и лидерството во многу случаи успешно го победија управувањето и контролата.
Тоа беше и дигитална реформа, каде што научивме многу нови алатки. Тоа беше кооперативна реформа, каде што научивме нови начини на заедничка работа, преку работење во тимови и за некои од нас, работење преку границите.
Тоа исто така води кон фактот дека ковид е реформа за флексибилност. Верувам дека националните граници ќе бидат помалку релевантни во иднина, делумно поради компетенциите што се дигитално достапни од секаде. Луѓето се способни да ја прилагодат работата со семејството и личните преференции преку хибридна работа и еден голем победник во сето тоа е околината во која се наоѓаат вработените. Помалку патувања до работа, што значи и помало загадување.
Дали сметате дека професионалците за човечки ресурси и одделенијата за човечки ресурси имаат клуч за да управуваат со иднината на организациите, во таква променлива средина како денес, кога долгорочното планирање станува сè потешко?
Добро прашање. Сигурен сум дека многумина ќе се борат ако не ги изградат вистинските компетенции околу нив. На ова поле, Ковид не ни даде ништо фундаментално ново. (VUCA – Volatile, Uncertain, Complex and Ambiguous) ВУКА - Нестабилнст, несигурност, комплексост и двосмисленост - е воспоставена како термин и концепт долго време пред „Ковид“, но моментално многу често се случува. Дури и сега како што зборуваме. Тоа исто така ни дава можност да ја креираме нашата судбина, на индивидуално ниво, на компанија и општествено ниво. Тоа е навистина излезна можност што не можеме да ја испуштиме.
На која тема ќе говорите на 13. Меѓународна конференција за човечки ресурси?
Ќе ја искористам можноста да се осврнам на иднината на човечките ресурси, што е важно, а што е предизвикувачки. За да го направам тоа, исто така, ќе погледнам наназад од каде потекнуваме, што го обликуваше нашиот идентитет како професионалци. Последно, но и не помалку важно, ќе зборувам малку за довербата и вредностите за кои верувам дека ќе станат уште поважни по ковид. Не само за човечките ресурси, туку и за компаниите и општествата како целина.
Каде ја гледате иднината на работата и дали сме подготвени за неа?
Не сме подготвени со сите детали. Но, со брзината што ја имавме последните години, магијата може и ќе се случи!
Кои се вашите очекувања од 13. Меѓународна конференција за човечки ресурси?
Импресиониран сум. Со ограничени ресурси и како релативно мала асоцијација и земја, произведувате вредност за членовите и пошироко, далеку повеќе од она што може да се очекува.
Всушност, кога ние во HR Norge, имавме семинар за стратегија и ја прегледавме објавата „Што можеме да научиме од другите“, јас го поставив македонското знаме на големото платно и реков „Видете, не можеме секогаш да бараме повеќе ресурси за нешто што сакаме да го постигнеме. Погледнете ја Македонија! Нашето сестринско здружение е близу до „најдоброто во оваа класа“ во Европа, што постигнува многу повеќе во споредба со другите што располагаат со повеќе ресурсите. Одлични се! “
Оригиналното интервју на Евен Болстад на англиски јазик можете да го погледнете на следниов линк: https://drive.google.com/file/d/1WcGeFgoB_Qz_jK1rj-Vj7-57g4fD-Efc/view?usp=sharing