Регулацијата на температурата всушност може да влијае на вашата продуктивност, особено на продуктивноста на жените. Таа вели дека жените најдобро се однесуваат кога температурата е повисока.
„Тоа е од прилика 24 до 25 степени. Мажите, од друга страна, се повеќе продуктивни на пониска температура од околу 22 степени“.
Ова е опсежна генерализација бидејќи мажите и жените немаат исти склоности. Истражување од 2019 година во кое учествувале 543 луѓе покажа дека жените во математички и вербални задачи подобро се снаоѓале на повисоки температури, додека за мажите било спротивното.
Женската продуктивност значи може значително да порасне при повисоки температури.
„Но, ако е премногу топло има и недостатоци“, повикувајќи се на истражување во Кина кога истражувачите анализирале студенти кои полагале приемен испит за факултет, во климатизирани простории во текот на топлотен бран. Како што температурата се зголемувала, така опаднала и продуктивноста на студентите.
„Сите деца минаа со многу полоши резултати бидејќи полагаа за време на топлотниот бран“, вели Рикер.