Компанијата „Рамсторе” – Македонија отвори нов Рамсторе Експрес маркет, лоциран на улицата Кемал Сејфула бр.14 во Чаир
Модерно дизајнираниот „Рамсторе Експрес“ маркет кој е 28. по ред на малопродажниот трговец во земјава, се простира на продажна површина од 650 м2 и располага со дополнителен магацински простор од 160 м2. За услугата се грижи тим од вкупно 10 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 3 наплатни каси. Пред објектот е обезбеден паркинг-простор за 10 возила.
Големиот број на промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи го одбележија отварањето на овој маркет и ќе траат до 17.10.2021, а покрај големите попусти потрошувачите ја искористија и својата Рамсторе клуб картичка за дополнителни бенифиции при купувањето.
Со новиот маркет во Чаир, синџирот „Рамсторе” – Македонија достигна до вкупно 28 маркети во 7 различни града во земјава, кои се простираат на вкупна површина од 22.000 м2. Вкупниот број на вработени во компанијата изнесува 750.
„Рамсторе” има активни огласи за вработување на повеќе работни позиции. Погледнете на линкот.
Рамсторе Македонија и оваа година го продолжува инвестицискиот раст и развој во земјата преку најавата на новите активности и отворање на уште 3 нови маркети до крајот на годината .
Рамсторе, кој во Македонија почна да функционира на 11.јуни 2005 година, од неодамна е дел од „СИТИ ПЛАЗА Холдинг“ кој е присутен на македонскиот пазар 16 години.