Новата американска политика за патување бара вакцинација за странски државјани кои патуваат во Соединетите држави, а ќе започне да се применува од 8 ноември.
И по една и пол година од пандемијата патувањето по светот се уште не е едноставно. Иако многу земји ги отворија колку толку границите, без потврда за вакцинација и ПЦР речиси не може да се тргне на пат.
Со најновата одлука на Белата Куќа и САД ги релаксираат мерките. Ќе биде дозволен влез за целосно вакцинираните со вакцини одобрени од американските регулатори, но и оние кои се на листата на Светската здравствена органиазција за итна употреба, меѓу кои се и Синовак и Синофам. Одлуката се однесува на меѓународните летови, но и на влегување по копнен пат. Странските државјани пред летот ќе мора да покажат доказ за вакцинација или негативен тест.