Местото каде што живееме има огромно влијание врз чувството на исполнетост и среќа, поради што е потребно добро да се избере и да се одлучи каде ќе биде вашето безбедно прибежиште и оаза на мирот. Изборот на нов дом подразбира избор на простор кој ќе ги задоволува вашите потреби, место коешто ќе ви го овозможи потребниот мир. Вашиот нов дом кажува сè за вас и го отсликува вашиот карактер
Поразговаравме со тимот на Саник Инженеринг, компанија која ги следи светските трендови во архитектурата и градежништвото и постојано се стреми кон иднината. Прочитајте повеќе за нивниот најнов проект Skopje Riverside:
- Eден од најголемите архитектонски предизвици e да создадеме чувство на убавина и топлина. Ова чувство е особено важно во моментите кога избираме нов простор за живеење, и токму затоа при дизајнирање на Skopje Riverside го имавме предвид токму тоа чувство на топлина – чувството за дома. Дизајниран според уникатните потреби на времето во кое живееме, исполнет со стил, функционалност, eлегантен простор, светлина и квалитет.
- Сепак, дури и ако сме големи љубители на урбаниот и модерен живот, сакаме во некои моменти да бидеме опкружени со убава природна средина и тишина што носи мир и бегство од секојдневието. Бидејќи честопати сме преокупирани со брзината на животот во главниот град, ретко има места за вистински уживање во малите нешта, така проектот Skopje Riverside нуди можност да поставите рамнотежа помеѓу работата и слободното време на еден завиден животен стандард.
- Сместен на идеална локација покрај кејот на реката Вардар поврзан со останатите делови на градот преку главните сообраќајни артерии и булевари, со брз влез и излез на меѓународниот автопат Е75.Скопскиот аеродром „Александар Велики“ е оддалечен 15 минути возење. Во непосредна близина се наоѓаат училишта, универзитети, детски градинки, болници, шопинг центри, автобуски постојки, хотели и ресторани. Дозволете си поглед од првиот ред и повеќе од заслужен животен стил.
- Одлична поврзаност со непосредното опкружување и со останатите делови на градот, полесен и поефикасен сообраќај преку мостот Михајло Апостолски, лоциран на булевар АСНОМ. Овој мост претставува модерно решение, изграден по сите стандарди. Со своите шест коловозни ленти и нови автобуски линии го прави сообраќајот да циркулира побрзо. Дополнително, за сите станари на Skopje Riverside клучна предност е близината на пешачките и велосипедските патеки на само неколку метри од вашиот дом, на самиот кеј на реката Вардар. Урбано уреден со јавно шеталиште и велосипедска патека од едната страна преку мостот Михајло Апостолски се поврзувате со паркот на езерата, спортскиот комплекс Јане Сандански, хотел Русија, бројни ресторани , кафетерии, супермаркети, шопинг центри, детски градинки, училишта. Во непосредна близина е East Gate Mall , општини, Универзитети, болници, гастрономски и други забавни објекти.
- SKOPJE RIVERSIDE, сместен покрај кејот на реката Вардар, е модерен комплекс кој што носи комплетна трансформација на овој дел од градот.
Ново урбано место во кое се наоѓаат четири станбени единици, два деловни објекта и сопствена катна гаража, со вкупен брoj од 1496 стана и 2456 паркинг места. Проектиран по најсовремени архитектонски решенија кои ќе овозможат вашиот живот да добие нова димензија на префинетост и ексклузивност. На своите идни станари ќе им овозможи комфорно, удобно и сигурно место за живот.
Во проектот предвидена е сопствена катна гаража, која ќе се гради по по највисоки стандарди, со најквалитетни материјали од реномирани производители. Идеалната средина за здрав и активен живот е само еден од важните фактори што ќе ве доведат до правилен избор за вашиот нов дом.
Стани дел од тимот на Саник Инженеринг - Бараме ВИЛУШКАРИСТ - Аплицирајте на ЛИНКОТ.