После поздравниот говор на Оперативниот менаџер од Асоцијацијата беа претставени првите говорници Ирена Ѓоршев (Менаџер за организаиски консалтинг Vrabotuvanje HR Solutions) и Енди Брит (IBM Senior Partner, Talent Transformation Leader, IBM Global Business Services). И двајцата имаа теми за обработка базирани според анализата и статистиката на кој начин овие податоци можат да не направат подобри менаџери и да помогнат во подобро функционирање на човечките ресурси.
Вториот ден на HR Конференцијата започна со истиот ентузијазам и одлични говорници како што впрочем беа и говорниците од првиот ден.
Ирена Ѓоршев преку собрани статистички податоци направи профил на еден просечен македонски менаџер фокусирајќи се на неговите вештини и стил на раководење но и споделувајќи ја информацијата дека најголемиот број на вработени, дури 79% одучуваат да си заминат токму паради односот со Претпоставениот менаџер од каде пак може да се заклучи дека Менаџерскиот стил на раководење е клучот за успехот на една компанија.
Менаџерскиот стил кој е најзастапен кај Македонските менџери е доминација, прекорување и корекција, потоа следува менаџирањето со стимулативни награди а мал е бројот на оние кои како менаџерски стил ја користат едукацијата и охрабрувањето....
Интересен е податокот дека многумина сакаат да бидат на менаџерска позиција но, кога станува збор за преземање на одговорност тука процентот е многу мал. Во однос на тоа како се перцепираат менаџерите првата карактеристика што им паѓа во очи на испитаниците е моќта, не ги гледаат како инструктори ниту како некој од кого можат да научат. А на прашањето: "Дајте ни пример на лидер во светот", најголемиот број од испитаниците би ги одбрале Путин и Тито како идеални.
Додека пак Енди Бирт заклучи дека AI е онаа која во иднина ќе го направи целокупниот работен процес појасен, потранспарентен и полесен потпирајќи се врз истоимените податоци. Потенцирајќи дека не треба ни да се плашиме од оваа иднина затоа што AI е пристуна за да го олесни целокупниот процес на функционирање на компаниите а не да преземе нечие работно место.
Врз основа на податоците лидерите ќе можат полесно и побрзо да донесуваат одлуки, да бидат попрецизни во своите цели и намери а целта на технологијата е да се направи персонализиран напредок каде секој поединец во фирмата врз база на неговите податоци ќе знае точно што треба да работи. Така би се избегнале универзалните тим билдинзи или работилници наменети за секого а со тоа би се намалила нефективноста на истите...
Дискусијата која се разви после настапот на овие двајца говорници значеше дека темите навистина ја оправдаа целта и интересот!