Здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено на специјалисти кои одат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство.
Во Извештајот се оценува дека пристапот до лекари специјалисти во јавното здравство останува проблематичен. И покрај обезбедувањето на зголемени плати со цел да се задржат работниците, здравствениот сектор се соочува со загуби на медицински персонал, особено специјалисти кои се селат во приватниот сектор или заминуваат на работа во странство. Персоналот продолжува со потребата од специјализирана обука за користење напредна здравствена опрема.
Во однос на рефундирањето на средствата што се плаќаат за здравствени услуги, од ЕК оценуваат дека пациентите плаќаат приближно една третина од сите здравствени услуги без да бидат рефундирани, со што се зголемуваат социјалните разлики.
Во делот кој се однесува на пандемијата од Ковид-19 се наведува дека во текот на третиот бран беа поплнети 90 проценти од болничките кревети во јавниот здравствен систем. За вакцинацијата, се посочува, дека до почетокот на октомври годинава целосно се вакцинирани околу 35 проценти од населението, како и дека националниот план предвидува до крајот на годинава да бидат имунизирани 60 отсто од населението.
Вакцинацијата започна во февруари 2021 година, а согласно националниот план до крајот на 2021 година 60 проценти од населението треба да е вакцинирано против коронавирусот. Околу 35 проценти од населението е целосно вакцинирано до почетокот на октомври 2021 година.
Еврокомисијата додава дека Македонија позитивно одговорила на механизмите за поддршка на ЕУ, од кои некои првично биле резервирани за земјите членки на Унијата за решавање на последиците од пандемијата со Ковид-19.
Во делот посветен на болестите, Еврокомисијата констатира дека нивото на финансирање за скрининг на рак е недоволно, а податоците од националните и регионалните регистри за рак не се јавно достапни. Националната програма за рано откривање на рак допрва треба да се имплементира, велат од Европската комисија. Потребни се соодветни финансии и понатамошна посветеност со цел да се усогласат националните правила со правото на ЕУ, се нагласува во Извештајот.
За преносливите болести, Европската комисија оценува дека земјава е делумно усогласена и препорачува усвојување на нова повеќегодишна стратегија за борбата против ХИВ вирусот.
Извор: kanal5.com.mk