Сосема е вообичаено и нормално да се дружите со колегите, а многу вработени се следат еден со друг и на социјалните мрежи. Но, што се случува кога ќе добиете понуда за пријателство на социјалните мрежи од шефот? Според истражувањето на бизнис школата на Харвард, вработените не се комфорни да ја отворат таа врата во нивниот личен живот.
Резултатите од студијата покажале дека учесниците се чувствуваат помалку пријатно да се поврзат со нивните шефови. Тие мислат дека е ризично да им ја покажат „другата страна“ од себе на менаџерите со кои треба да се соочат во канцеларија во понеделник наутро, вели Lakshmi Ramarajan, која работела на ова истражување.
Според истражувањето, вработените и на социјалните мрежи ги избегнувале колегите кои ги сметале за одбивни во реалниот живот.
Тие биле поотворени за поврзување со колегите во следниве случаи:
Жени: Учесниците во истражувањето изјавиле дека постои осум пати поголема веројатност да се поврзат со жени кои им се претпоставени, а за кои сметаат дека се „топли“ и срдечни на работното место, отколку со оние жени кои не биле.
Врсници на работното место: Според истражувањето, учесниците најлесно се поврзуваат со врсниците на работното место, особено со оние за кои чувствуваат дека се топли и спремни да споделат детали од нивниот личен живот.