Се ближи сезоната на празници, па со самото тоа расте и потребата за дополнителен персонал.
Поради дефицитот на работна сила, супермаркетите во Велика Британија се во големи проблеми. Имено, темпото се засилува, купувањето пред Божиќ и Нова година се зголемува, па со самото тоа добрата организација е пресудна.
Сите најголеми супермаркети во земјата се подготувуваат да ги услужат купувачите со масовно вработување на работници на определено време. Станува забор за тн. привремени/повремени договори кои сега „погодуваат“ илјадници работници.
Дополнителен притисок создаваат проблемите во ланците на снабдување, како и дефицитот на возачите на камиони. Од друга страна, инфлацијата во Велика Бриатнија расте, иако овие денови наголемо се зборува за зголемување на платата за до 2 милиони граѓани на Обединетото Кралство.
По речиси две години полни со неизвесност и финансиска нестабилнот, светските работници продолжуваат да се соочуваат со предизвиците на пазарот на трудот. Меѓу ланците кои ја планираат оваа пракса се: Tesco, Aldi, Sainsbury’s, M&S.
Касиерите генерално се бараат секаде, постојано, но слабо се ценат и таквиот однос продолжува и покрај тоа што многу работодавачи повеќе „не можат да бираат“ како претходно, туку мораат да прават и компромиси.
Ланецот Tesco кој започнал да „пласира“ намирници од картони на своите рафтови, оваа сезона планира да вработи 30,000 работници на привремена работа. Sainsbury’s планира 22,000 сезонски работници ширум Обединетото Кралство. Станува збор за мајка компанија на малопродажната фирма Agros.
Нововработениот пресонал треба да им помогне на постоечките работници во услужување на купувачите, редење на роба, сортирање на производи и пакување на онлајн испораките. Околу 14,500 од нив се предвидени за работа во објкетот, додека остантите бројки се однесуваат на некои други позиции, како менаџерските. Тука, секако, се и доставувачите и работниците во скалдиштата.
Исто така, ќе бидат потребни околу 180 лица за работа во кол центар. Провремено вработените работници ќе работат до 8 јануари 2022 година, на договори на определено: од 3 до 12 недели.
Asda има намера да вработи 15,000 работници пред Божиќ, Marks and Spencer околу 12,000, Waitrose – повеќе од 7,000, притоа, за 2,000 повеќе од минатата година, а Aldi околу 1,500 работници.