Можеби звучи чудно, но постоел период кога компјутерите не биле централниот дел во нашите животи. Овој период не е многу одамна, но луѓето кои не го искусиле сигурно сметаат дека станува збор за целосно различен свет. Дајл-ап конекцијата го правела поврзувањето на Интернет навистина бавно, а реткоста на компјутерите ги правела навистина возбудливи играчки. Она што сега го гледаме како застарена технологија некогаш се сметало за најголемо достигнување. Ако тогаш сте му кажеле на некого дека за неколку години во рака ќе држи мал компјутер со постојан пристап до Интернет, сигурно би ви рекол дека тоа е само научна фантастика. Па ајде да се потсетиме каков всушност бил Интернетот и што правеле луѓето во тој период.
1. Гледале серии на телевизија… по една епизода неделно!
Благодарение на Интернетот забораваме дека епизодите на сите серии излегувале еднаш неделно. Покрај тоа, луѓето го немале луксузот да ја изгледаат епизодата кога сакаат, туку желно чекале пред телевизорот за да почне. Сепак можеби има нешто убаво во тоа да имате цела недела да размислите за епизодата пред да ја изгледате следната.
2. Чекале да се отворат сликите
Со бавната брзина на Интернетот доаѓало и бавното отворање на веб-сајтовите. Пред појавата на безжичниот сигналот, ова чекање било нешто што мора да го прифатите ако сакате да видите што се случува на Интернетот.
3. Чекале за поврзување со Интернетот
Пред појавата на безжичниот Интернет, поврзувањето било многу побавно. Во повеќето домови потребно било да се приклучи телефонот со компјутерот и потоа да се чека за да се направи конекцијата.
4. Го исклучувале телефонот за да останат поврзани на Интернет
Луѓето зависеле од нивните дајл-ап модеми кои им биле врската со светот на Интернетот. Штом ќе се поврзете со Интернет, сигурно сакате и да останете поврзани. Но, ако некој го користи телефонот додека сте поврзани, вие ја губите конекцијата. За да го избегнат ова многу луѓе ги исклучувале нивните телефони додека биле на Интернет.
5. Податоците се чувале на дискети
Оние кои живееле во ерата на дискетите сигурно го знаат процесот на зачувување податоци на нив. Но проблемот бил што овие дискети се многу лесно уништливи, па бил вистински предизвик да ги пренесете податоците од едно место на друго без притоа да ги оштетите.
6. Разговорите почнувале со „ASL“
7. Поминувале часови во онлајн соби за разговарање
8. Им верувале на сите веб-сајтови
9. „Netscape Navigator“ бил најпознатиот Интернет пребарувач
Ако сте користеле Интернет пред ерата на безжичната поврзаност, голема е веројатноста да сте го користеле и овој пребарувач. Кога се појавил на пазарот, тој бил единствениот продукт кој нудел лесно Интернет „сурфање“. Па со текот на времето станал дел од животот на секој корисник на Интернет. Се разбира, во тој период Мајкрософт ја добивал својата популарност и направил огромни промени.
10. Пред Википедија и Фејсбук постоело „GeoCities“
Пред Википедија да стане извор на сите информации, постоел веб-сајтот наречен „GeoCities“. Тој бил многу повеќе од склад за информации. На некој начин овој сајт бил социјална мрежа, „организација“ од корисници со исти мислења кои создавале сајтови на разни теми. Тоа било начин да се поврзете, но и да го споделите вашето знаење. Со тек на времето тој бил купен од Јаху и околу 10 години подоцна, во 2009 година, биле затворени најмалку 38 милиони веб-сајтови кои припаѓале на оваа платформа.
11. Верувале во проблемот со 2000 година
Многу одамна временските ознаки на компјутерите биле кодирани со 2 цифри наместо со 4. Ова предизвикало многу загриженост за тоа што би се случило со компјутерите кога ќе дојде 2000-та година. Во таа година, временската ознака на компјутерот би ја препознал 2000 како 1900 година и наводно би предизвикала хаос кај компјутерите. Овој проблем е познат како „Проблемот со годината 2000“ односно „Y2K“. Постоеле секакви теории и хорор приказни со наближувањето на новиот милениум. Дали нуклеарните бомби сами би се лансирале? Дали би пропаднал банкарскиот систем? Дали сите форми на масовна комуникација ќе престанат да работат? Ова се само некои од страшните сценарија за „крајот на светот“. Стравот бил толку голем што проблемот се појавил и на насловната на списанијата и тоа со наслов „Крајот на светот!?!“