Нина Георгиева, позната како Геометриева е уште една талентирана македонска артистка која во моментов живее во Јапонија. Нејзина фотографија се појави на еден од билбордите на „Тајмс сквер“, со нејзиното уметничко име и името на компанијата која стои зад фотографијата.
Таа посочува дека билбордот на „Тајмс сквер“ е дел од NFT (Non Fungible Token) изложба, а наскоро ќе следи и NFT продажба на истата фотографија.
Нина со големо изненадување ја примила веста: „Ова е еден од оние денови кога моето лице се појавува на Times Square билборд.“ На социјалната мрежа твитер таа напиша: „Погледнете, моето лице е на Times Square!“.
Нина Георгиева е графички дизајнер, фотограф и дизајнер на игри. Работи како продукт дизајнер за Google Maps, продукт дизајнер за Google tez, главен дизајнер на апликацијата Grab, водечка апликација на југоисточна Азија која нуди сервиси, испораки и услуги во различни области и визуелен дизајнер на Zendesk софттверска компанија во Сан Франциско, Калифорнија. Претходно има работено за проталот IT.mk.
Покрај ова Геометриева се занимава со крипто уметност – уметнички дела креирани дигитално кои се продаваат преку користење на една од најголемите иновации во 2021 година, опцијата NFT (Non-fungible token). Оваа опција овозможува да се плати одредена сума на пари преку крипто валута која ќе овозможи оригинална лиценца и сопственост на лицето што ќе ја плати и делото останува во негова сопственост.
Нејзината серија насловена со V A S T содржана од 10 дела потпишани со знакот на NFT беше целосно продадена во мај оваа година, само два месеци по појавувањето на оваа назнака и опција.