Со тоа што жените заработуваат 14,1 % помалку од мажите, Европската Конфедерација на синдикати предупредува дека не може да се постигне да се има еднакви плати доколку не се зголемат минималните плати, а на вредноста на работата која ја извршува жената не се прави повторна процена.
Предупредувањето на ЕТУК доаѓа во пресрет на 10 ноември – Денот на Европската унија за еднакви плати. Веднаш на 11 ноември Комитетот на Европскиот парламент за вработување би требало да гласа за предлозите за да се зајакне Директивата за Адекватна минимална плата, во време кога ЕУ Директивата за транспарентноста на платите е под проверка од страна на комитетите на Европскиот парламент.
Зголемувањето на минималните плати во износ од 60 % од медијалните плати и 50 % од просечните може да го намали родовиот јаз во плати за:
- 25% во Романија
- 19% во Грција
- 12% во Полска
- 11% во Словачка
- 10% во Шпанија и Луксембург.
„Многу жени се заробени во нископлатени и потценети работни места. Во многу случаи работните места се потценуваат бидејќи на нив работат жени. Жените сочинуваат 76 % од 49 милиони негувателки во ЕУ. Негувателките се лошо платени и покрај тоа што нивната работа е физички и емотивно напорна и бара големо трпение и социјални вештини“, рече заменик генералниот секретар на ЕТУК, Естер Линч.
Креаторите на политики на ЕУ имаат избор, рече таа. Можат да преземат дејствија за затворање на јазот во платите или нека го заборават Денот за еднакви плати засекогаш.
„ЕУ сега има можност да го затвори јазот во платите. Тоа можат да го направат преку воведување на Директива за транспарентност на платите која може да им овозможи на работничките да добијат вредност на својата работа и да направат повторна процена, а синдикатите ќе можат колективно да преговараат за големината на платите. Со применувањето на Директивата за Адекватна минимална плата може да се зголемат минималните плати и да се отстранат пречките за колективно преговарање. Ова е шанса која нема да може да се искористи повторно, доколку не се искористи сега“, рече Линч.