Сакаш да знаеш колку заработуваат другите на твоето работно место? Сега е лесно!
Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок во петок, соопшти министерот за здравство.
На состанокот ќе бидат слушнати предлозите и согледувањата по последните анализи на КОВИД-состојбата во земјата, но министерот лично смета дека нови рестриктивни мерки не се потребни, доволно е да се почитуваат протоколите и да се зголеми процентот на вакцинација.
Со членовите на Комисијата сме во континуирана комуникација и во периодот додека беше ситуацијата прилично мирна. Во петок ќе има состанок согласно новите анализи. Во однос на мерките, ќе ги слушнеме предлозите и согледувањата. Јас сметам дека терба да продолжат превентивните мерки и да се зголеми процентот на вакцинација. Денеска испративме писмо до сите матични лекари да ги повикаат своите невакцинирани пациенти, рече министерот.
Министерот соопшти дека за 25 проценти е зголемен бројот на КОВИД - случаите, а расте, како што рече, и факторот на преносливост што е јасен индикатор дека ќе има промена на релативно стабилната епидемиолошка ситуација. Се зголемува и бројот на хоспитализирани пациенти, но добро е, истакна, што нема голем притисок врз болниците. Граѓаните мора да се свесни дека тоа е единствениот начин за излез од кризата.
Досега се аплицирани над 1,6 милиони дози вакцини против КОВИД, а нема ризик ако вакцините за КОВИД и за грип се примат во исто време, подвлече министерот. Тој уште еднаш апелира да се почитуваат протоколите, да се држи дистанца и да се носи маска. Почнува сезоната на слави, а секаков собир е ризик и затоа треба многу да се внимава.
Извор: biznisvesti.mk
Кина, еден од светските лидери во градежната индустрија, сега може да се пофали со првиот автопат изграден речиси без човечки работници. Кон крајот на септември беше демонстрирана нова технологија на автономно асфалтирање на делот од автопатот што ги поврзува Пекинг, Хонгконг и Макао, долг околу 160 километри, на досега најголемата пробна површина во светот.
Во деновите од викендов и во почетокот на следната седмица времето ќе биде стабилно со студени утра.
Кафе барот „Сљеме 360°“ е отворен на веројатно најнеобичното место во Хрватска, на врвот на телевизиската кула на Медведница. И покрај атрактивната локација, тие денес мака мачат да најдат работна сила, односно келнерка.
Њујорк планира да воведе такса од девет долари за возење на Менхетен почнувајќи од јануари, што државата го суспендираше на неодредено време на почетокот на оваа година, изјави вчера гувернерката на Њујорк, Кети Хочул со цел да се намали метежот.
Оваа година ќе биде најтопла досега и прва во која просечната температура беше за повеќе од 1,5 степени потопла од прединдустрискиот просек, објавија европските научници.
Производството на пченица во Македонија е десеткувано, особено ако се погледнат бројките од пред 20 или 30 години. Состојбите не се подобри нуту кај производството на другите земјоделски култури, како сончогледот, тутунот, грозјето...