Повреден е таксистот кој беше прогласен за херој бидејќи го заклучил патникот во возилото
Едно лице загина, а едно е повредено кога такси-возило експлодираше вчера пред женската болница во Ливерпул, соопшти британската полиција.
Возилото се запалило по експлозијата која се случила кога таксито застанало пред болницата непосредно пред детонацијата.
Во експлозијата загина патникот во таксито кој носел импровизирана експлозивна направа. Повреден е таксистот кој беше прогласен за херој бидејќи го заклучил патникот во возилото.
Таксистот Дејвид Пери успеал да побегне пред експлозијата, а властите нагласија дека во крајно напнатата и опасна ситуација тој постапил со неверојатна храброст.
Пери е пуштен од болница и сега се опоравува дома, пишува „Скај њуз“.
Во експлозијата загина патникот во таксито кој на себе имал експлозивна направа. Полицијата во врска со инцидентот уапси уште четворица мажи на возраст од 29, 26, 21 и 20 години.
Засега не е познат идентитетот на лицето кое загина во експлозијата.