Целта на Европската комисија е до 2030 година уделот на полупроводници и чипови произведени од европските компании да достигне 20 отсто од светскиот пазар, изјави претседателката на Европската комисија.
Цели фабрики во Европа се затворени бидејќи нема доволно чипови, потсетува таа, истакнувајќи дека продажбата на автомобили во ЕУ паднала за 25 отсто во споредба со септември 2020 година, иако немало проблеми со побарувачката.
Други важни сектори се исто така погодени, особено пазарот на медицински помагала и енергетски системи, рече шефот на ЕК. Затоа ЕУ ќе ги насочи своите напори кон намалување на зависноста од Азија во производството на полупроводници и чипови.
За таа цел, ќе претставиме план во првата половина на 2022 година и заедно со земјите-членки ќе обезбедиме средства за негова имплементација. Сакаме да обезбедиме до 2030 година европските производители да достигнат 20% од овој брзорастечки глобален пазар. Во моментов, нашиот удел на пазарот е 10%, што е многу малку, рече претседателката.
Извор: lokalno.mk