Во 2021 година, вработените лица на возраст меѓу 20 и 64 години во ЕУ работеле вкупно 3% повеќе часови на нивната главна работа во споредба со првиот квартал од годинава.
Зголемувања се забележани во повеќето земји членки, а најголем пораст на обемот на реалното работно време е забележан во Грција за дури 18 проценти.
Спротивно на тоа, вработените во шест земји-членки работеле помалку часови на нивната главна работа во вториот квартал од 2021 година. Намалувањето се движи од 0,2 отсто во Луксембург до 3,6 отсто во Белгија. Поради кризата предизвикана од пандемијата на корона, пазарот на трудот беше погоден од мерките што ги преземаа земјите-членки на ЕУ со цел да се ограничи ширењето на Ковид-19.
Некои од овие мерки имаа директно или индиректно влијание врз бројот на работни часови на вработените. На ниво на ЕУ, вкупното реално работно време на жените се зголеми малку повеќе (3,3 проценти) од вкупното реално работно време на мажите (2,7 проценти). Некои земји се истакнаа со прилично изразена разлика меѓу половите. Во Грција, на пример, реалното работно време на жените на нивното главно работно место се зголемило за 23,9 отсто, додека на мажите се зголемило за 14,5 отсто. Малку поинаква ситуација е во Словенија, каде што работното време на жените е намалено за 0,1 отсто, наспроти зголемувањето од 2 отсто на работното време на мажите.