DS Smith има мисија до 2023 година 100% од нивните пакувања да можат да се користат повеќекратно и да се рециклираат, да отстрани 1 милијарда проблематични пластични парчиња од полиците во супермаркетите и 250.000 камиони од патиштата низ светот
Светот се соочува со проблем со отпадот, што е тема за која треба сериозно да се размислува. Индустријата за управување со отпад се справува со отпадот на околу 8 милијарди луѓе ширум светот, како и со гигантските индустрии кои имаат огромни количини на штетен и опасен отпад со кој треба да се отстрани на безбеден начин.
Минатата година во светот се фрлиле околу 300 милиони тони пластика, што е скоро еквивалентно на тежината на човечката популација. Научниците очекуваат дека во океаните до 2050 година може да има повеќе пластика од риба. Електронскиот отпад тежи повеќе од 50 милиони тони.
Во извештај на World Resources Institute се наведува дека повеќе од 100 милијарди тони ресурси влегуваат во економијата секоја година, а повеќе од 60% завршуваат како емисија на отпад или стаклена градина.
DS Smith e компанија посветена на решавање на овие предизвици преку својата стратегија „За сега и за во иднина“. Компанијата секојдневно се соочува со комплексни предизвици за одржливост, од недостаток на природи ресурси и пластика во океаните, до климатските промени и различности.
Компанијата, на глобално ниво ја развива и спроведува оваа стратегија преку четири фокуси и области на делување:
- Создавање на подобри дизајни за одржлива иднина. Целта на DS Smith e до 2023 година 100% од нивните пакувања да можат да се користат повеќекратно и да се рециклираат. Имено, компанијата има стратегија на собирање на користен отпад од своите клиенти и негово враќање во ново пакување за 14 дена.
- Заштита на природните ресурси со максимално искористување на секое влакно, преку користење на што помалку влакна на паметен начин;
- Намалување на отпадот и загадувањето преку кружни решенија, со што DS Smith ќе отстрани 1 милијарда проблематични пластични парчиња од полиците во супермаркетите и 250.000 камиони од патиштата низ светот.
- Опремување на луѓето да ја водат транзицијата кон кружната економија. Сите 30.000 вработени на DS Smith се ангажирани во кружната економија, а витален дел од стратегијата на компанијата е и ангажирање на младите генерации во овој процес и нивно запознавање со кружната економија.
DS Smith Македонија е компанија која оваа стратегија на групацијата ја спроведува локално, во нашата земја, а со тоа има огромен позитивен импакт во општеството. DS Smith Македонија заедно со целиот тим од 150 вработени ентузијасти и таленти долги години успешно го редефинира пакувањето на македонскиот пазар.
Но, компанијата која секогаш оди чекор понапред, активно работи и на едукација и ангажирање на младите генерации во процесот на кружна економија.
За таа цел, DS Smith оствари соработка со училишта и градинки од Македонија, каде што преку интересни проекти ги едуцира најмалите за значењето на заштитата на животната средина. Проектот Биодиверзитет – 10 начини за заштита на пчелите во урбана средина е дел од оваа соработка.
Во подготовка е уште еден проект во соработка со градинка, наречен Свет од картони, каде што DS Smith донира елки и новогодишни украси од хартија и картон.
Заинтересирани сте за работа во DS Smith?
Во моментов бараме Вилушкарист и Работник во производство - АПЛИЦИРАЈТЕ!