Стопанската комора на Северна Македонија бара да се воведе задолжителната вакцинација и во приватниот сектор. Само така, смета, ќе се постигнат колективни резултати во борбата со вирусот, но и ќе се овозможи континуитет на деловните процеси.
Како што соопшти денеска потпретседателката на Комората, Анета Трајковска, ова барање во вид на Иницијатива е веќе доставено до Владата.
Според неа, вработените треба да бидат вакцинирани против КОВИД, да имаат потврда дека го прележале вирусот или да се тестираат и за тоа, кога ќе доаѓаат на работа, да приложуваат соодветен сертификат. Притоа, работодавачот, мора да води соодветна евиденција.
- Вработените треба да поседуваат и да приложат на увид сертификат/потврда за извршена имунизација против КОВИД (за примени најмалку две дози вакцина), како и сертификат/потврда за прележан КОВИД во последните шест месеци, сметајќи од денот на оздравувањето. За вработените кои не се вакцинирани или го немаат прележано вирусот да се предвиди воведување задолжително тестирање најмалку еднаш неделно со брзи антигенски тестови со само-тестирање или во државни или приватни дијагностички центри, како ќе одлучи работодавачот. Доколку работодавачот се одлучи за само-тестирање, тоа да се изведува во работните простории, а работодавачот да го одреди местото и времето на само-тестирање. Работодавачот треба да води евиденција на евидентен лист кој мора да го содржи датумот на тестот, резултатот од тестот (позитивен, негативен) и потпис на работникот, објасни Трајковска.
Целиот текст е на skopjeinfo.mk