Никола Љушев стапува на позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком од 1 јули 2018 година.
Љушев доаѓа во Телеком со долгогодишно искуство на највисоки раководни позиции во Дојче Телеком Групацијата, во Космофон, како и во Телеком Австрија Групацијата. Последнава година ја извршува функцијата Главен извршен директор на Црногорски Телеком (членка на Дојче Телеком Групацијата), период во кој компанијата за прв пат по шест години прави пресврт во работењето и бележи раст, поради што ќе продолжи истовремено да ја извршува и таа функција.
Пред да се приклучи на Црногорски Телеком, Љушев беше во највисокиот менаџмент на Телеком Австрија во Македонија како Главен извршен директор на Вип оператор во периодот од 2007 до 2015 година, а по спојувањето на Вип и Оне, и извршен директор на oне.Вип во периодот 2015-2016. Љушев беше и Главен директор за техника во Космофон од 2003 до 2007. Својата кариера во телекомуникации ја почна токму во Македонски Телеком во 1997 година.
Љушев е дипломиран електротехнички инженер во областа на електроника и телекомуникации, со надополнето образование за корпоративен менаџмент на престижни меѓународни школи и универзитети, меѓу кои и Харвард бизнис школата, ИНСЕАД, Универзитетот во Чикаго и други. Престижниот магазин Global Telecom Business – Лондон два пати го има избрано, во 2010 и 2011 година, за еден од четириесетте најдобри извршни директори под 40-годишна возраст во телекомуникацискиот сегмент во светски рамки.
Неговото долгогодишно искуство и експертско познавање на индустријата на телекомуникациите, како и досегашните извонредни резултати и достигнувања беа клучни при изборотот за прв човек на Македонски Телеком и воедно гаранција дека компанијата ќе продолжи со остварување на планираните бизнис цели и понатаму ќе ја предводи дигитализацијата на македонското општество
Кој е новиот Главен извршен директор на Македонски Телеком?
Актуелно
-
Нема веќе брзо возење: Безбедносните камери целосно во употреба до крајот на 2025 година
Проектот за безбедносни камери ќе биде целосно имплементиран до крајот на 2025 година, кога ќе бидат активни сите системи за мониторинг. Во моментов се подготвуваат законски измени и се работи на подготовка на судовите и Управата за јавни приходи (УЈП) за да се обезбеди полн ефект на проектот, вели нинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
-
УНО се огласи: Не може да се фрли +2 карта врз веќе фрлена +2 карта
Љубителите на друштвената игра Уно сега ќе мораат да ги преиспитаат своите стратегии. Компанијата Mattel, креаторот на оваа легендарна игра, објави правило кое забранува редење на +2 карти врз веќе одиграна +2 карта. Оваа измена има за цел да ја поедностави играта, да ги намали недоразбирањата и да ги забрза партиите.
-
Кој живее најдобро во Европа? Разлики што оставаат без текст
Количината на реална индивидуална потрошувачка по жител, изразена во стандарди на куповна моќ (PPS), е клучен показател за материјалната благосостојба на домаќинствата. Овој показател открива значајни разлики низ Европа и укажува на разлики во животниот стандард.
-
Граделе големи куќи, а сега истите зјаат празни: Постарите не ни замислувале дека ќе дојде ден кога младите масовно ќе се иселуваат
Во Македонија многу граѓани изградиле големи куќи со цел да обезбедат простор за своите деца и внуци, но денес овие имоти често остануваат празни поради миграцијата на младите во странство во потрага по подобри можности.
-
Личните карти со старото име не треба да се менуваат и ќе важат до нивно истекување
Личните карти со старото име, нема потреба да се менуваат, односно важат до нивното истекување. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
-
More Mania Sushi & Poke – Вашето омилено место за свежо суши од 2020 година!
Се служи свежо, рачно изработено суши & поке веќе повеќе од 4 години!