Сигурно ја имте или барем во одреден период од животот сте ја имале оваа мака
Прокрастинација е состојба кога обврските без причина се одложуваат до последниот рок, а потоа рокот тешко се стига и се добива фрустрација и последици поради незавршена работа!
Прокрастинација е чин на одложување или извршување на задачите во последната минута или по изминатиот рок. Некои истражувачи го дефинираат ваквото одолговлекување како „форма на неуспех на саморегулацијата која се карактеризира со ирационално одложување на задачите и покрај потенцијалните негативни последици“.
Без оглед на тоа колку сте добро организирани и посветени, доколку се наоѓате во ситуации да жалите за часови поминати на други активности (гледање телевизија, ажурирање на статусот на Фејсбук, шопинг преку Интернет) кога требаше да го поминете тоа време на завршување на работните проекти во одреден рок, тогаш ја користите прокрастинацијата и се себесаботирате, а потоа жалите или влегувате во кругот на стрес-вознемиреност-неуспех.
Сите понекогаш ги одложуваат обврските, но ние сакавме да утврдиме зошто некои тоа повеќе го прават од другите - велат американските научници кои го спровеле истражувањето што ја предизвикува прокрастинацијата.
На близнаци им поставиле прашање колку често ги одлагаат работите за утре и дали редовно избегнуваат да почнат со некоја работа се додека крајниот рок не е на повидок.
Експериментот покажал дека особината да се одлагаат обврските е наследна.
Секако, не можеме секогаш да се потпираме на генетиката. Некогаш причините се поради различни аспекти од работната оптовареност, како нејасност на работните задачи или стилот на раководење во фирмата или можеби потиснат револт поради перцепираната нерамнотежа помеѓу вложениот труд и наградите (признание, бонуси, висина на плата итн.) што ја намалува мотивацијата. И за овој тип на причини постојат решенија, како јасно изразување на потребите и поставување на професионалните граници, што ќе ви помогнат да ја добиете посакуваната почит кон вашата личност и придонес кој го давате.
Во краен случај, кога тоа не е возможно, можеби ќе треба да ги истражите и зајакнете сопствените психички сили и преку кариерно советување и коучинг, да откриете дека можеби “водата во која пливате“ не била “морето од можности“ во кое треба да нурнете.