Мрежата на продавници за спортска опрема Decathlon наскоро влегува на пазарот во Македонија
Компанијата Decathlon влегува на пазарот во Македонија, а подготвките за овој процес се веќе започнати. Влезот на Decathlon на пазарот во земјава ќе се реализира преку три фази. Првата фаза вклучува скенирање на пазарот и избор на локации кои се погодни за изградба на продавници и таа е веќе започната. Втората фаза ќе биде изградба на објекти. И третата фаза ќе биде отворање на објектот и скенирање на пазарот за проширување на мрежата.
Првично планирано е компанијата да влезе со еден продажен објект лоциран кој ќе биде лоциран во близина на Скопје, а потоа да продолжи скенирање на пазарот и разгледување на можноста за отворање и други објекти. Изворите за Скопје Инфо брифираат дека планирано е најдоцна за три години да се финализираат трите фази и компанијата да биде присутна на пазарот во Македонија.
Компанијата Decathlon e основата во 1976 година во Франција. Во моментов има 1600 продавници во 69 земји ширум светот, а меѓу нив се оние во соседството, во Србија, Бугарија и Грција. Decathlon во моментов брои повеќе од 100 илјади вработени и продава широка палета на спортски производи по цени кои се прифатливи за потрошувачите во Македонија и регионот.