Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) е дециден против барањето на Стопанската комора за тестирање на невакцинираните работници на свој трошок.
Од ССМ велат дека нема да дозволат изигрување и непочитување на законите, нивно произволно толкување, а со тоа и создавање на целосна правна несигурност на работниците и граѓаните.
Од Синдикатот очекуваат погласен став од Државниот инспекторат за труд, зашто, како што велат, проблемите се заеднички и тоа со што ќе се соочат работниците ќе предизвикаат лавина од приговори, тужби, а можно е и неконтролирани протести, наведуваат од ССМ.
ССМ апелира до членството и граѓаните сериозно да ја сфатат потребата од вакцинација.
Минатата недела Комисијата за спречување заразни болести препорача вработените во државниот сектор за влез на работа задолжително да приложат доказ за вакцинираност, за прележаност на ковид или да си прават ПЦР тест на своја сметка. Владата вчера требаше да одржи седница по оваа точка, но поради автобуската несреќа, седницата е одложена.
Извор: slobodnaevropa.mk