Сигурно не е лесно да се утврди дали возачите на некои марки на автомобили се поарогантни во сообраќајот од другите, иако сигурно е дека има лоши примери, па една осигурителна компанија се осврна на ова прашање.
Дали возачите на Тесла или БМВ, можеби, имаат поинаков стил на возење од оние што возат Тојота и Волво? „Storebrand“ преку Norstat направи истражување за навиките на возачите во Норвешка и меѓу другото откри кој е најпретпазлив, а кој најагресивен на патот.
Особено е интересно што студијата е спроведена во земја каде што има многу електрични автомобили.
Се покажа дека на врвот на листата на најагресивни возачи во сообраќајот се возачите на БМВ, поточно така мислат испитаниците (53 отсто од нив). Најмногу доминираат автомобилски марки кои се скапи и луксузни, а по БМВ следат Ауди (37 проценти), Тесла (30 проценти), Порше (18 проценти) и Мерцедес (15 проценти).
Од друга страна, највнимателни во сообраќајот се возачите на Тојота (23 отсто), Волво (17 отсто), Шкода (12 отсто), Фолксваген (10 отсто) и Опел (8 отсто).