Времето ќе биде променливо облачно, попладне и до крајот на денот со врнежи од дожд кои особено во западните делови ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м2 за 12 часа). На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, а попладне и до крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 16 степени.
-Под влијание на студена воздушна маса, во вторник ќе дува засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. На планините и на повисоките места особено на запад врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот можно е да провејува снег и на некои пониски места. Поради разведрување во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни, соопштија од УХМР.