Од 30.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 74,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 76,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 66,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 65,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 41,543 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 2,572% %, кај дизелот за 2,001 %, кај екстра лесното масло за 2,247 % и кај мазутот намалување е за 0,493 % .
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,215 % .
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.11.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштија од РКЕ.
Извор: lokalno.mk