Според фенг шуи, важно е да привлечете добра енергија на крајот на годината.
Почнуваат подготовките за новогодишните празници, а ќе се согласите дека украсувањето на домот и украсувањето на елката е нешто што сите со нетрпение го очекуваат.
Експертите за фенг шуи велат дека дури и новогодишните украси имаат влијание врз настаните во наредната година.
Според нив, важно е да се привлече добра енергија во домот на крајот на годината. Според кинескиот хороскоп, заштитник на 2022 година е Водниот тигар, чие внимание е важно да се привлече, за годината да биде добра.
Фенг шуи експертите велат дека важно е да се привлече вниманието на тигарот, што ќе обезбеди напредок, просперитет и мир во куќата.
Бидејќи во филозофијата на фенг шуи може многу да се постигне со уредување на просторот и разни предмети, во овој случај треба посебно да се погрижите за новогодишната елка.
Се верува дека боите како црвената и виолетовата, како и украсите полни со светки и флуоресцентни украси, го оддалечуваат, односно го плашат тигарот, а добрата енергија исчезнува.
Фенг шуи проповеда и хармонија со природата. Затоа, познавачите на оваа источна филозофија веруваат дека сте донеле добра одлука, доколку сте избрале оваа година да украсите природна елка и тоа со корен, која по празниците ќе можете да ја засадите некаде. Користете што е можно помалку вештачки материјали и украси.
Наместо тоа, изберете ткаенини од лен, памук или волна, домашни растенија, предмети од глина или керамика, дрвени топчиња и слично. Домот можете да го декорирате и со иглолисни гранки, шишарки или сушени бобинки.