Цената на биткоинот се зголеми за над 70% во 2021 година, додека само во октомври растот беше поголем од 30%.
На 30 септември, претседателот на Федералните резерви на САД изјави дека ФЕД нема намера да ги забранува или ограничува криптовалутите.
Од друга страна, Банката на Америка започна истражување за дигитални средства што покажа дека криптовалутите сега пораснале толку многу што институционалните инвеститори не би можеле да ги игнорираат.
Инвестициските банки го отфрлија нивниот претходен скептицизам за криптовалутите. Во ноември, JP Morgan ја потврди својата прогноза дека биткоинот ќе порасне на 146 илјади долари. Citibank предвидува дека првата криптовалута оваа година ќе достигне 120 илјади долари.
Иднината на криптовалутите изгледа одлично, барем засега, бидејќи се повеќе луѓе сакаат да поседуваат криптовалути, се шири кругот на познати личности кои зачекорија во тој домен.
Растот на побарувачката, во комбинација со ограничената понуда и сè побавното темпо на ископ на биткоин, укажуваат на долгорочно продолжување на растот на цената на „дигиталното злато“, како што некои го нарекуваат биткоинот.