Снегот кој во текот на изминатите два дена врнеше во кичевскиот регион, создаде многу проблеми во електро-дистибутивната мрежа, бидејќи во повеќе делови од општината од тежината на снегот и надвиснати гранки, без електрично напојување останаа 20-ина села.
Подружницата на ЕВН Кичево со целиот расположлив потенцијал се наоѓа на терен, како би ги отстраниле постоечките дефекти и овозможиле на населението континуирано снабдување со електрична енергија.
-Од вчера изутрина поради влажниот и леплив снег беа прекинати електичните водови за повеќе села во нашиот регион, проблеми кои поради тешко достапните терени се присутни и денес. Без електрично напојување беа повеќето села во Беличка Река, Копачијата, дел од селата во Осломејско и некои периферни населби во Кичево, истакнаа од Подружницата на ЕВН и посочија дека нивни екипи постојано се на терен, оти се вложуваат големи напори што побргу електрично напојување да добијат сите селски населби.
Оотаму потенцираат дека нивни екипи се постојано на терен, дека вложуваат огромни напори и покрај тешките услови за работа и недостапниот терен, да му овозможат на локалното население што побрзо да добие електрично напојување.
-Во текот на денешниот ден во дел од овие села оспособена е електро мрежата и добија струја. Нашиот ангажман на терен продолжува и понатаму и во текот на денешното попладне очекуваме најголемиот дел од селските населби да добијат електрично напојување, истакнаа од Подружницата на ЕВН Кичево.
Жителите од селските населби се жалат дека повеќе од 30 саати останале без електрично напојување и постои опасност храната што ја имаат во фрижидерите да почне да се расипува ако и понатаму останат без електрично напојување. Дел од нив се и без неопходно затоплување, бидејќи домовите ги загреваат со електрична енергија.