Колегијалната и тимска работа е таа која секогаш излегува на прво место и е мотивација во работењето
Ds Smith e британска мултинационална компанија за производство на амбалажа со седиште во Лондон.
Компанија која може да се пофали со долга историја, основана во 1940 година, со своите повеќе од 80 години постоење е лидер во обезбедување иновативни решенија за пакување, производи од хартија и услуги за рециклирање со посветеност на одржливост и циркуларна економија.
Ds Smith успешно оперира преку своите претставништва во 35 земји во Европа, Северна Америка, Азија и Африка.
Како е да се биде дел од тимот на DS Smith во Македонија
DS Smith како компанија става голем акцент на грижата за своите вработени, нивниот развој, напредување и усовршување на работното место. Го цени трудот на вработените и спроведува различни активности за подобро тимско работење, остварување на стратегиските цели и секојдневно живеење на корпоративните вредности. Ова се дел од успешните приказни за нашите млади и надежни машинисти кои заради својата посветеност на работата, ентузијазмот и нивниот ангажман за краток временски период професионално напредуваа на скалата од нивната кариера.
Оливер Микешиќ – Машинист – Доработка
Оливер вели дека во компанијата започнал со работа пред 1,5 година на работно место оператор на машина. Со тек на време и со голема помош од вработените кои се долго време во компанијата и искусните “мајстори” кои што ги водат машините, полека почнал да го учи “занаетот”. Тие несебично го споделувале своето знаење и го учеле да ги извршува новите работни задачи како машинист. Колегијалната и тимска работа е таа која секогаш излегува на прво место и го мотивира во работењето. Вели дека е среќен што е дел од тимот на оваа компанија.
Стани дел од тимот на DS Smith - аплицирај за:
ВИЛУШКАРИСТ
линк за повеќе детали и аплицирање
РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО
линк за повеќе детали и аплицирање
Повеќе за компанијата прочитајте на ЛИНКОТ