Еве што пишува во официјалното барање на некои од сопствениците:
„Бараме РКЕ да ни овозможи склучување на договори за снабдување со електрична енергија и топлинска енергија со лиценцирано правно лице каде ќе имаме увид за пресметките на електричната енергија. Да имаме увид во истите како што е тоа озозможено и спроведено за сите потрошувачи во другите трговски центри во согласност со Законот за енергетика.
Единстевно што бараме е да постапите согласно Законот за енергетика член 206 во кој стои дека: “Регулаторна комисија за енергетика врши надзор на спроведувањето на одредбите од овој закон што се однесуваат на обврските за сопственичко раздвојување на операторите на системите и пристапот на трета страна и привлекување на корисниците на соодветните системи”.
Повеќе од 500 локали немаат договори за снабдување со електрична и топлинска енергија и немаат струјомери.
МВР излезе со соопштение дека броилата се во приватна сопственост и дека не е утврдена каква било кражба на електрична енергија, и затоа не е сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик.
Пред една недела во магацините каде што беа сместени „риговите“ за „копање“ на крипто валути се вршеше малтерисување на просториите и се покриваа сите дупки отворени за вентилација.