
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне, претежно на запад и на планините ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи.
Минималната температура ќе се движи од 9 до 17 степени, а максималната од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје и околината претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб северозападен ветер. Попладне ќе има зголемена облачност и услови за појава на краткотрајна нестабилност. Температурата ќе се движи од 13 до 31 степен.
До вторник температурата ќе биде во пораст, но и понатаму ќе има услови за попладневна краткотрајна нестабилност претежно во планинските подрачја. Во среда се очекува преодно наоблачување и малку посвежо време со нестабилност на северот. Потоа до викендот ќе биде претежно сончево, но ветровито.
press24.mk