Од 2022 година, припадниците на Армијата, првенствено оние кои се дел од Лесната пешадиска борбена група во Штип, а од 2023 година и во целата Армија, ќе добијат обезбедени, бесплатни оброци во текот на целата година.
Министерката за одбрана, порача дека Армијата е институција со најголем респект кај граѓаните.
„ Припадниците на армијата навистина заслужуваат да имаат еден бесплатен обезбеден оброк кој што ќе се финансира од страна на буџетот и затоа пред два дена беше објавен првиот тендер кој што ќе се однесува на обезбедување на еден бесплатен оброк за сите припадници на нашата лесна пешадиска борбена група кои што се сместени во Штип“, рече министерката.
Министерката порача дека ова ќе биде одлична шанса за домашните компании да ги покажат своите капацитети.
„Ова ќе биде шанса и за домашните компании кои што ќе излезат со можност целосно да и нудат на Армијата, односно на Министерството за одбрана исхрана која што ќе биде 365 дена во годината“, рече министерката.
Армијата е институција со највисок рејтинг, потребно е да се остане на патот на развојот и подобрувањето на животниот статус и стандард на секој припадник на Армијата.
Во однос на проектот за обезбедување на исхрана за целата Армија, началникот истакна дека овој проект изминатите 30 години беше неопходност и дека со поддршка од Министерството може да се отпочне со негова реализација од почетокот на 2022 година.
Извор: mms.mk