Пазарот на криптовалути продолжи да расте денеска, зголемувајќи се за уште 2,2 отсто во изминатите 24 часа, а според веб-страницата „Коингеко“, капитализацијата моментално е 2,42 трилиони долари.
Биткоинот исто така повторно порасна за 0.89 отсто и моментално се тргува по 49,346.01 долари.
Етереумот во исто време порасна за 0.52 процент и се проценува на околу 4,052.28 долари.