Коалицискиот договор на новата германска влада предвидува и легализација на канабисот „за рекреативна употреба“. Министерот за земјоделство тврди дека некои земјоделци веќе се подготвени да започнат со овој бизнис.
За разлика од цигарите и алкохолот каде и новата коалициска влада предвиува да „посвети поголемо внимание“ во просветлување на младите или на бремените и уште посторги прописи во пропагандата и покровителството за производителите на опојни средства, веќе во предизборната борба многу прашина подигна најавата за целосна легализација на канабисот.
Новиот министер за земјоделство, Џем Ездемир од партијата на Зелените за весникот Велт ам Зонтаг предупредува: никој не треба да се „напуши до бесвест“, но се радува дека ќе дојде крај на тоа „лудило за забрана на канабис“. Легализацијата ја засилува заштитата на младите и на потрошувачите, а го ослеснува и животот на поцицијата, смета германскиот министер за земјоделство.
Канабисот во Германија и сега веќе е дозволен во медицински цели, а ни во иднина нема да биде баш „целосно“ легализиран.
Владеачките партии, СПД, Зелените и Либералите, во догледно време сакаат пред парламентот да изнесат закон со кој ќе биде овозможена „надгледувана дистрибуција на канабисот за возраните лица за нивно уживање во овластени продавници“. Во коалицискиот договор, исто така, пишува дека така ќе се „контролира квалитетот, ќе се спречи ширењето на нечисти состојки и ќе се обезбеди заштита на младите“.
Не треба сега сите!
Но, конзервативната опозиција и натаму е строго против легализација, а баварскиот министер за здравство, Клаус Холчек предупредува дека „канабисот не смее да се смета за безопасен“, а ја обвинува владеачката коалиција оти „не ги слуша предупредувањата на стручњаците“ и опстојува во своите планови за легализација. „Мора да се спречи да се намали прагот на прифатливост и уште повеќе луѓе да консумираат канабис пренесува .“
Според проценките на стручњаците, веќе и сега околу 15 отсто од помладите од 34 години во изминатата година барем еднаш посегнале по џоинт, во групата меѓу од 18 до 24 години тоа е веќе секој петти – и нивниот број навистина полека расте. Полицијата има полни раце работа и со таа „безопасна“ дрога: во 2020 година се спроведени 227.958 казнени постапки поврзани со канабис.