Кои се најкорисните деловни новогодишни одлуки?
Додека вработените најчесто одлучуваат да се откажат од пушењето, да се хранат поздраво и да посветат повеќе време на семејството, шефовите се справуваат со малку поинакви планови и новогодишни одлуки.
Еве кои се најчестите деловни новогодишни одлуки:
Нови аквизиции
Успешните аквизиции доведуваат до пристап на целосно нова база на клиенти и дополнителен удел на пазарот. Дали сте запознаени со плановите на конкуренцијата? Ова може да биде вистинска можност за создавање нови деловни зделки.
Зголемете го онлајн присуството
Без разлика дали се работи за голема корпорација или мал бизнис, онлајн присутноста и големиот број на виртуелни фанови станаа суштински. Размислете дали правите доволно за да го проширите вашиот бизнис онлајн.
Географска експанзија
Проширувањето на нови локации е вообичаена стратегија за раст која бара внимателна проценка на вашето време и способност. Воведувањето франшизи е еден од деловните модели со кои би можеле да го постигнете посакуваниот раст.
Нови производствени линии
Размислете за нови производи кои би можеле да бидат од интерес за вашите постоечки клиенти. Ако вашиот бизнис е ориентиран на нудење услуги, обидете се да воведете нови кои дополнително ќе ја зајакнат вашата вредност.