1. Се повикуваат евиденираните невработени лица кои се заинтересирани за учество во обуки за побарувани занимања на пазарот на трудот, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде се евидентирани како невработени лица најдоцна до 23. 7. 2018 година. Обуките ќе се спроведуваат од страна на верификувани спроведувачи на обуки и се однесуваат на следните занимања и градови:
Оџачар во Скопје, со завршено најмалку основно образование и
Персонални асистенти за инвалидни лица, во Скопје со завршено намалку средно образование.
2. Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци, a по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавачи во времетраење од 1 месец, доколку како спроведувач на обуката се стопански комори, занаетчиски комори. и средни стручни училишта. Доколку како спроведувач на обука се приватни компании (работодавачи) практична работа во времетраење од 1 месец може дасе изведува кај истата приватна компанија (работодавач).
3. Лицата вклучени во обуките ќе добијат месечен надомест од 9.000,00 денари, со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
4. Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуваните спроведувачи на обука.
5. На корисниците на паричен надоместок ќе им продолжи правото на паричен надоместок до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката.
6. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на Република Македонија и селектираните кандидати.
7. Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број на пријавени кандидати.
8. Во обуките не може да учествуваат лица кои предходно биле вклучени во оваа мерка.
Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон 02/3111850 како и веб страните на Агенцијата за вработување на Република Македониј a www. avrm. gov. mk и Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија www.mtsp.gov.mk
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
Повик до евидентирани невработени лица
Актуелно
-
Тежок живот студентски – колку чини да се биде студент во Македонија?
Да се биде студент денес во Македонија значи носење на значителен финансиски товар, кој честопати ја надминува само школарината. Од трошоците за сместување, преку храната и транспортот, до дополнителните активности и потребни материјали за учење – сите овие ставки претставуваат значајни трошоци за студентите и за нивните семејства.
-
Се менуваат условите за пензионирање во Србија за помалку од два месеци
Од Нова година, за помалку од два месеца, ќе стапат на сила новите правила за пензионирање во соседна Србија. Прописите наведуваат дека услов за пензионирање на жените од 1 јануари 2025 ќе биде, наполнети најмалку 63 години и 10 месеци.
-
Двајца работници треба да работат за еден пензионер да зема пензија
Во септември, пензионерите добија покачување од 2.500 денари, а идната година ќе добијат уште толку. Но, и со ова зголемување пензиите во државата се мали, односно се под минималната плата и не се доволни две пензии за да се покријат месечните трошоци согласно со минималната потрошувачка кошничка, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија.
-
Зошто старите луѓе мирисаат поинаку? Вистината за мирисот на постарите
Половина од луѓето над 60 години кои ги проучувал тимот на д-р Хејс произвеле толку малку 2-Nonenal што човечкиот нос нема да има шанса да го открие.
-
Метеоролозите најавуваат дожд и снег во следните денови
Времето до петок ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од променлив интензитет.
-
Кое е најпопуларното машко име во Македонија?
Фејсбук групата „The Language Nerds“ неодамна објави мапа на Европа на која се прикажани најпопуларните имиња за момчиња во секоја земја на Стариот континент.