Се очекува „Samsung“ да го претстави својот најнов телефон од серијата „Galaxy S22“ за неколку недели, а во меѓувреме се појавија нови гласини за овие уреди
Најновите извештаи, кои доаѓаат од Јужна Кореја, укажуваат дека серијата „Galaxy S22“ ќе има повисока цена од очекуваната. Причината за поскапувањето е глобалниот недостиг на чипови.
Цените на неколку важни компоненти се зголемија за 30 до 40 отсто, додека цените на чиповите за напојување и сензорите се зголемија за 10-15 отсто.
Извештаите сугерираат дека „Samsung Galaxy S22“ би можел да има почетна цена од 899 долари, што е за околу 100 долари повеќе од неговиот претходник.
Од друга страна, некои извештаи сугерираат дека „Samsung“ сепак ќе ги задржи истите цени како серијата „Galaxy S21“, поради зголемената конкуренција од „Apple“ и кинеските брендови. Се очекува „Samsung“ да претстави три телефони – „Galaxy S22“, „S22 Plus“ и „S22 Ultra“. Тие ќе се напојуваат со чипсет „Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1“ и „Exynos 2200“ на „Samsung“, во зависност од регионот.