Снегот кој падна во последните неколку денови ги израдува не само љубителите на скијањето, туку и сите љубители на планината во Битола.
И покрај релативно ладното време на ски патеката “Копанки “ викендов врие од скијачи кои едноставно го “окупираа“ Копанки и трпеливо чекаа да се искачат на стартот на патеката.
Копанки, особено по изградбата на Платформата, на која гостите можат да бидат послужени со неколку врсти сендвичи, голем број без алкохолни и алкохолни пијалоци, разни десерти, аптисани, стана мошне привлечно место не само за скијачите, туку и за сите кои сакаат да уживаат во убавото зимско сонце и прекрасните снежни белини на Пелистер.
Ваквиот голем интерес е уште една потврда колку е Пелистер атрактивен особено кога има снег и колку е потребно да се вложи во изградба на нови жичница и ски патеки.
извор: novamakedonija.com.mk