Unilever најавува 1.500 разрешувања на директорски позиции
Холандско-британската компанија за производство на стоки за широка потрошувачка Unilever објави 1.500 отпуштања во вторникот како дел од деловната реорганизација по неуспешниот обид да го преземе одделот за здравствена заштита на GlaxoSmithKline.
Производителот на сапунот Dove и сладоледот Magnum вработува околу 149.000 луѓе ширум светот, а во најавата за отказот посочува дека работниците во производството не мора да стравуваат за работните места.
Компанијата планира да го реорганизира бизнисот во одделенија за козметика и велнес производи, како и оние за лична нега и одржување на домаќинството, храна и сладолед.
„Нашиот нов модел на организација беше развиен минатата година. Преминот кон пет деловни одделенија фокусирани на поединечни категории (производи) ќе ни овозможи подобро да одговориме на трендовите на потрошувачите“, рече извршниот директор Алан Џоуп.
Компанијата е под притисок по отфрлањето на понудата на GlaxoSmithKline за производи за здравствена заштита, за што беше подготвена да издвои 50 милијарди фунти, па некои акционери побараа промени.
По објавата следеше информација дека хеџ фондот „Trian Partners“, познат по својата склоност да интервенира во бизнисот на компаниите во кои инвестира, го зголемува својот удел во Unilever, забележува Ројтерс.