Оваа година со мало задоцнување заради глобално неизвесната ситуација, Медиа Солутионс, идејните автори на овој настан, повторно на едно место ќе ги соберат најдобрите, а вие ќе ги наградите оние кои заслужуваат да ја понесат титулата Сајт на годината за 2021 година!
Согласоно новите трендови во дигиталниот свет бројот на категории е зголемен за вкупно 4, па така оваа година вкупниот број на категории е 22 со плус главниот избор САЈТ НА ГОДИНАТА.
Номинациите се отврени и ќе можете да номинирате сајт се до 13 февруари на овој линк https://sajtnagodinata.mk/
Гласањето ќе се случува од 14 до 26 февруари а прогласувањето на победниците е предвидено за 27 февруари!
Целта на оваа манифестација е да придонесе во развојот на интернет медиумите во Македонија, како и развој на интернет маркетингот. Исто така оваа манифестација има за цел да помогне да се валоризира трудот на специјалистите, менаџерите и агенциите кои се активни на ова поле во Република Македонија. Со манифестацијата и со доделување на награди за најдобрите сајтови, ќе се придонесе кон поголема конкурентност и инвентивност кај интернет медиумите во Република Македонија. Се очекува, покрај подобрување на квалитетот содржините на интернет медиумите, развој на дигиталното општеството во Македонија, со медиумската покриеност на настанот, да придонесе кон зголемување на бројот на интернет посетители на номинираните сајтови, како и да се зголеми бројот на квалитетни активни веб сајтови во Република Македонија.
-Целта ни е - велат од Медиа Солутионс - манифестацијата да биде што поголема и помасовна и да собере учесници и посетители кои ќе придонесат за едукација и стандардизација на интернет издаваштвото и интернет маркетингот во Република Македонија.
Изборот на „Сајт на годината“ се одвива на следниов начин: сопствениците или вработените во сајтовите или нивните посетители го номинираат сајтот на специјализираната веб-страница https://sajtnagodinata.mk/, а потоа неколку илјади интернет-посетители се регистрираат со својата е-адреса и гласаат за своите омилени сајтови во дваесетина категории. На крајот се прогласуваат победниците, оние коишто добиле најголем број гласови по различни категории на онлајн гласањето.
-Сајтовите победници се гордеат со својот успех и иако нема парични награди, сепак, ги позиционираат победничките беџови на највидливите места на своите сајтови и таму ги чуваат со години - потврдуваат од Медиа Солутионс - Ние се потпираме на оцената на читателите и сметаме дека ваков демократски пристап е најправилен, го негуваме ,и секоја година го подобруваме.
Манифестацијата беше поддржана од релевантни личности како Претседателот на државата, Министерство за информатичко општество, Претседателот на престижното здружение од оваа област, ИАБ Европа, Ален Оро од Франција.
За потсетување лани главната награда ја понесе Фејсбук групата Ковид19 искуства и совети, а првиот победник за 2010 година беше kajgana.com.