Францускиот град Шамони-Мон Блан попознат како Шамони кој се наоѓа во Југоисточна Франција беше домаќин на првите Зимски олимписки игри кои започнаа на 25 јануари 1924 година. Во тоа време настанот беше познат како Меѓународна недела на зимски спортови (Semaine international des sports d’hiver) и беше организиран од страна на Францускиот олимписки комитет.
Шамони е еден од најпознатите скијачки центри и најелитните зимски дестинации во Франција токму поради тоа што се наоѓа во подножјето на Мон Блан. Сепак, доколку и не сте по планинарењето, но би сакале да уживате во убавината на Мон Блан и неговите глечери, можете да ја искористите жичарницата која води од Шамони до врвот Aiguille du Midi кој се издига на 3842 метри надморска височина и е највисоката вертикална жичарница во светот.
Ако слушнете звук од сирена на улиците на Шамони напладне во првата среда од месецот, не плашете се. Станува збор за едноминутна проверка на системот за јавен аларм што се врши секој месец во повеќето француски градови. Ако пак слушнете сирена во кое било друго време, тогаш засолнете се. Сирената ќе се огласи во случај на опасност на пример опасност од снежна лавина.
Друг интересен факт за Шамони е дека е поврзан со италијанскиот град Курмајор. Тунелот Мон Блан е долг 11.6 метри и минува низ самиот масив и е изграден помеѓу 1959 и 1965 година.
извор: kafepauza.mk