Може лебот да го нема на пазарот, предупредуваат од мелничарската индустрија
Горан Малишиќ од мелничко пекарската индустрија во емисијата „24 Анализа“ вели дека можело да се најде начин да се превенираат проблемите со замрзната цена, дека немаат профит и се во загуба.
Во индустриска пекарница што произведува од 15.000 до 100.000 лебови дневно, загубите се од 30.000 до 350.000 евра во зависност од големината на компанијата. Таа може да издржи два, три месеци… После тоа што правиме? Енормни се загубите, а мелничко-пекарската индустрија работи со најмали маржи. Ја поздравуваме мерката за јавно добро, но имаме голем проблем во пекарската индустрија, да не се случи тотален колапс на индустријата. Може да се случи лебот да го нема на пазарот поради тие загуби на фирмите кои го произведуваат. Ако се задолжуваш по банки, која ќе те кредитира ако работиш со загуби – велат од пекарската индустрија.
извор: zelenaberza.com.mk