SPAR Хрватска ја отвори својата прва продавница во 2005 година и денес има повеќе од 4.600 вработени. Продажната мрежа на SPAR во Хрватска континуирано расте, а во иднина се планира отворање на нови продажни места со цел широката понуда на SPAR да биде подостапна за што поголем број потрошувачи.
Токму заради идните планови на ширење на компанијата потребна е поддршка од постоечките вработени но и проширување на тимот со нови вработени . За SPAR Хрватска тие се клучот за успехот па затоа постојано инвестира во создавање стимулативна работна средина и нуди многу можности за напредување и личен развој на секој вработен.
Така, SPAR ги повикува сите кои се способни, иновативни и самоиницијативни, комуникативни и амбициозни да му се приклучат на тимот во Хрватска .
Во моментов, SPAR бара нови вработени на позициите
ПРОДАВАЧИ - КАСИЕРИ (15 работни места) - Претходно работно искуство е пожелно, но не е задолжително -
Како оди целата процедура?
1. Кандидатот кој ќе се препознае во описот на работното место во ОГЛАСОТ на овој ЛИНК и ќе сака да стане член на големиот SPAR тим прво ќе треба да го испрати своето CV на оваа адреса regrutacija@vrabotuvanje.com.mk или да се јави на телефонскиот број 071 305 939 Всушност станува збор за агенцијата Vrabotuvanje HR Solutions од Македонија која е партнерски задолжена за селекција на пријавените кандидати...
2. Откако агенцијата Vrabotuvanje HR Solutions ќе провери дали пристигнатите апликации ги исполнуваат условите на огласот, се прави телефонски разговор со кандидатите кои ќе ги запознаат со цел да им се даде можност лично да се претстават и да ги претстават своите квалификации и компетенции.
3. Најуспешните ќе бидат поканети на интервју во агенцијата, по што следи интервју со претставници на SPAR Хрватска, поточно со претставници на човечки ресурси и регионални менаџери за продажба на SPAR Croatia.
4. Кандидатите кои ќе го поминат интервјуто продолжуваат со процесот на вработување и прибирање на документацијата потребна за поднесување барање за работна дозвола, при што ја имаат целосната поддршка од агенцијата Vrabotuvanje HR Solutions да им го олесни процесот што е можно повеќе.
5. Откако ќе се соберат сите документи, SPAR поднесува барање за работна дозвола и по приемот од истата агенција го известува барателот дека дозволата е одобрена и дека може да се подготви за патувањето. (трошоците за работната дозвола се на компанијата)
6. По пристигнувањето на местото на вработување, идните вработени се лично пречекани од претставници на SPAR Хрватска и транспортирани до нивното сместување.
SPAR Хрватска на вработените од други земји им овозможува бесплатно сместување во градот на вработување, кое вклучува платени сметки. Обезбеден е и месечен билет за градски превоз,и платена повратна карта за одмор и посета на семејството во Македонија за работниците кои ќе работат повеќе од 6 месеци
SPAR ги поканува сите заинтересирани кандидати кои сакаат да ја започнат и развиваат својата кариера во Хрватска, во третиот по големина малопродажен синџир во земјата, да контактираат со агенцијата Vrabotuvanje HR Solutions на тел: 071 305 939 или емаил адреса regrutacija@vrabotuvanje.com.mk
SPAR моментално вработува првенствено во градот Загреб, со можност за сезонска работа на крајбрежјето во текот на летните месеци.